СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Од:

СДСМ обвинува дека Министерството за правда ја одолговлекува постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и бара јасен одговор дали документите се испратени или не.

„Министерството за правда вчера соопшти дека постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија. Но, клучното прашање е: дали документите за екстрадиција се испратени или не? Наместо конкретен одговор, слушаме само бирократски фрази дека се комплетира документацијата“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Од партијата прашуваат како е можно еден месец да не се комплетира документацијата и дали станува збор за неспособност или за намерно одложување.

Во споредба, како што наведуваат, Полска ја завршила постапката за еден ден откако идниот унгарски премиер Петер Маѓар ги спомнал политичарите од нивната земја, при што посебно го спомнал и Груевски, нагласувајќи дека Унгарија нема да биде „депо за криминалци“.

„Додека Полска реагираше веднаш, кај нас веќе еден месец има тишина. Владата на Мицкоски не презема ништо“, велат од СДСМ.

Според партијата, наместо институционална постапка за екстрадиција, се гледа „институционална заштита“ на Груевски.

СДСМ бара одговор од Министерството за правда зошто документите, како што тврдат, се заглавени и сè уште не се испратени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните