На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Од:

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица.

Како што информира Царинската управа, случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Со умисла за криумчарење, шверцерот ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Над еден килограм златен накит без жиг е одземен од гостиварски златар

Горан Наумовски

Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари

На „Деве Баир“ откриен е шверц на две илјади парчиња медицински препарати

Горан Наумовски