На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – избегнување плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица.

Тој со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички.

Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоци или евентуални соучесници, како и да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело. Поради тоа, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија е доставен предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа