Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви

Од:

Владата и опозицијата на Венецуела се договорија заеднички да работат на враќање на околу 31 тон државни златни резерви.

Владата и опозицијата на Венецуела, по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, се договорија заеднички да работат на враќање на околу 31 тон државни златни резерви, вредни повеќе од четири милијарди долари, кои се чуваат во трезорот на Банката на Англија во Лондон, објави „Фајненшел тајмс“ (FT).

Во заедничкото соопштение владата и опозицијата наведоа дека се согласиле да ги здружат напорите за ослободување на „меѓународните резервни средства на Венецуела кои се наоѓаат во Банката на Англија“, а средствата би биле искористени за санирање на последиците од земјотресите кои неодамна ја погодија земјата.

Во соопштението се повикува и на воспоставување „механизми за транспарентност, следење и ревизија“, со цел да се обезбеди средствата да бидат правилно искористени.

Во преговорите учествувала и опозициска делегација, чија членка била Динора Фигуера.

Поранешната пратеничка, која живее во егзил, го предводела опозицискиот пратенички блок кој освои мнозинство мандати во Националното собрание во 2015 година, по избори чии резултати соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, не ги призна.

Во преговорите не учествувала лидерот на опозицијата и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, која се наоѓа во егзил во Панама и не била поканета на разговорите. Сепак, таа потврдила дека нема да го попречува процесот.

Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, на почетокот на август соопшти дека испратила писмо до британскиот крал Чарлс III со барање за враќање на околу 31 тон злато, кое би било искористено за обновување на земјата по земјотресите.

Според податоците на Обединетите нации, земјотресите предизвикале штета од најмалку 6,7 милијарди долари, додека Светската банка проценува дека штетата изнесува околу 20 милијарди долари.

За време на мандатот на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, на кого моментално му се суди во САД, Каракас повеќепати барал од Лондон да му го врати златото, но без успех.

Во меѓувреме, Вашингтон го засили притисокот врз Венецуела со воведување економски санкции, вклучително и ограничувања на извозот на нафта, која е главен извор на приходи за земјата. По повеќедецениските санкции, тоа придонесе за продлабочување на широката економска криза.

„Фајненшел тајмс“ наведува дека проценките на економистите покажуваат дека годишната стапка на инфлација во Венецуела достигнала 575 отсто.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

НЛБ Банка во соработка со ЕБОР- Зелени кредити за домаќинства со можност за поврат до 20% од инвестицијата

EiCrypt платформата за cloud mining овозможува учество со користење криптовалути, со можност за заработка до 3.200 американски долари дневно.

Предраг Петровиќ

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

Рударењето во облак EiCrypto, платформата со најдобар принос во Северна Македонија во 2026 година, ви овозможува лесно да заработите 2.500 долари дневно.

Предраг Петровиќ