(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари

Од:

Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија од Царинската управа на Република Македонија.

https://www.youtube.com/shorts/cgrm2yfUhxA

– Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидл да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за сторено кривично дело – криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриja 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не бea пријавени – велат од Царинската управа.

Се нагласува дека со оваа акција, Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

Би можело да ве интересира

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

На „Деве Баир“ откриен е шверц на две илјади парчиња медицински препарати

Горан Наумовски

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

Рестрикциите за никотински производи предизвикаа побуна кај Европејците – „Ќе не вратите на цигари“, „Не’ оставате на банди“…

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски