Полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар.
– При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм и 327 грама златен накит, со проценета вредност од околу 86.959 евра за понатамошна постапка која ќе ја води Државниот пазарен инспекторат.
