ВИДЕО: Накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари запленет на скопскиот аеродром

Од:

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата.

-Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Албански државјанин фатен со половина милион евра на Табановце

Катерина Ѓуровски

Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција

Предраг Петровиќ

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Уапсена сопственичка на салон за убавина, работела со шверцувани филери и средства за слабеење

Катерина Ѓуровски

Спречени обиди за криумчарење лекови, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит

ВИДЕО: Спречен шверц на 4.800 никотински кесички со вредност од 1,2 милион денари