Пожарот на автомобилите во Ново Лисиче е несреќен случај, покажа истрагата на МВР по преглед на безбедносните камери

Од:

Возилото кое целосно изгоре во Ново Лисиче е несреќен случај, покажала истрагата на полицијата. Од снимки од безбедносна камера во околината на паркингот, се гледало дека најпрво почнала да гори внатрешноста на возилото, а откако сопственикот се обидел да го изгасне пожарот и ја отворил вратата, пожарот се проширил и на околните возила. По насоки на Јавен обвинител настанот е расчистен и квалификуван како „пожар“.

„Од преземените мерки и активности со цел откривање на причините за пожарот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, преку извршени разговори и преглед на записи од безбедносна камера, констатирано е дека околу 9:20 часот, внатрешноста на возилото ‘сеат алтеа’ се самозапалува, при што огнот почнува да се шири, а по кусо време, сопственикот на возилото се обидува да го изгасне, но при отворање на една од вратите, пламенот многу брзо се шири и ја зафаќа внатрешноста на возилото и другите две возила“, велат од МВР.

Инаку, пожарот се случи пред четири дена, во близина на последната автобуска станица на 5-ка, на булеварот АСНОМ.

По настанот, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение прашуваше дали Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е нарачател на палењето на возилото во Скопје. Вице Заев ги демантираше обвинувањата и ја повика ВМРО-ДПМНЕ ако има докази да ги даде на институциите, по што наведе дека ќе бара судска разрешница за обвинувањата.

Обвинувањата дека палењето на автомобилот има политичка позадина ги демантираше и сопственикот Марјан Јанчески. Тој јавно на статус на социјалните мрежи посочи дека се работело за несреќен случај и побара од политичките партии во такви случаеви да помогнат, а не да ги користат туѓите несреќи за политички препукувања.

Би можело да ве интересира

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски