Загина 67-годишен охриѓанец во несреќа со мотор

Од:

67-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа со мопед на улицата „15 Корпус“ во Охрид, соопшти СВР Охрид.

Несреќата се случила вчера околу 11:30 часот. Според информациите од полицијата, И.Б. (67) од Охрид, кој управувал мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.

Од здобиените повреди тој починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На местото бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка