ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев е нарачателот на палењето на возила во Скопје?

Од:

“Дали Вице Заев се активира и во Скопје?!  Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје?!”, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка?!

Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сеуште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални  пресметки кои им се случуваат пред нос.

Безбедноста во град Скопје е на очајно ниско ниво, а никој за тоа не сноси одговорност.

Граѓаните не знаат кога нечие возило ќе биде опожарено, некој од нив ќе биде ограбен или пак ќе биде жртва на криминални банди. Никој не се чувствува безбеден со СДСМ на власт. За трагедијата да биде уште поголема, СДСМ воопшто не може да ја гарантира безбедноста на луѓето. Ова е пракса веќе три години.

Криминалот и мафијашките пресметки мора да запрат. За ова мора да има одговорност. Безбедноста на граѓаните е пред се“, додаваат ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност