Опожарувањето на мојот автомобил нема политичка заднина, реагира еден од сопствениците откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека зад пожарот стои Вице Заев

Од:

Марјан Јанчески, еден од сопствениците на опожарените возила во населбата Ново Лисиче, ги демантира информациите дека несреќниот случај има било каква политичка позадина. Ова следува откако во населбата Ново Лисиче пред два дена гореа неколку автомобили, а од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција прашаа дали зад опожарувањето на возилата стои Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Би сакал да ги демантирам информациите кои се појавија во одредени медиуми дека несреќниот случај со запалувањето на мојот автомобил има било каква политичка или друга позадина. Се работи за несреќен случај и во вакви случаи политичките партии треба да помагаат, а не да ги користат туѓите несреќи за политички препукувања. А тие што се занимаваат со вакви работи, за вакви случаи…медиуми и политичари, треба да се засрамат. Благодарност до сите кои ми пружија поддршка во овие моменти“, пишува Јанчески на неговиот профил на Фејсбук.

Пожарот се случи пред два дена, на паркинг на булеварот АСНОМ.

„Констатирано е дека целосно е опожарено возило марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно опожарени две возило марка „фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје. Пожарот беше изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, изјавија од МВР.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, давал насоки чие возило да биде опожарено,

„Дали Вице Заев се активира и во Скопје?!  Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје?!”, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев, преку писмена реакција до јавноста, ги демантираше обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ.

„Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата. Јас, Вице Заев не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора се секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува“, се наведува во неговата писмена реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски