ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Од:

Пожарникарите на грчкиот остров Евија продолжуваат со напорите за гаснење на пожарот што избувна во општината Каристос, поточно во областа Месохорија, а евакуацијата на населението е во тек, објави утрово „Катимерини“.

Пожарот што избувна синоќа брзо се прошири и го зафати агрошумарското земјиште, а во борбата против огнената стихија се користат и воздушни средства.

Операциите за гаснење продолжија во текот на ноќта, а утрово околу шест часот повторно беа ставени во акција воздушни средства за гаснење.

Според извештајот на ЕРТ, се очекува дополнително засилување на воздушните ресурси во текот на денот за да се стави пожарот под контрола, додека сликата за ситуацијата е малку подобра во споредба со претходните часови.

Сепак, во таа област сè уште дуваат силни ветрови, што ги отежнува напорите, истакнува гореспоменатиот портал. Во меѓувреме, властите издадоа наредби за евакуација.

Утрово околу четири часот, преку бројот 112 беше испратена нова порака до сите граѓани во областа Цакаи, кои беа поканети веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат во Неа Стира.

Исто така, кратко пред 3:30 часот наутро, истата порака беше испратена и до жителите во областа Лимнионас, со упатства да се упатат кон Неа Стира преку Цакаи.

Досега, пожарот не стигнал до населено место, а пожарникарите се надеваат дека ќе можат да ги локализираат пламените јазици пред да се прошири во селата.

Се вели дека пожарот е сè уште во критична фаза на развој.

Би можело да ве интересира

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Ангелов: Состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, имаме премногу пожари, нашите сили се преморени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви