Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против шест лица за продолжено кривично дело „Фалсификување исправа“, соопшти Обвинителството.

Првообвинетата е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје. Според обвинението, во периодот од 3 септември 2020 до 24 август 2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, со внесување дополнителни категории.

Останатите петмина обвинети се возачи кои, иако знаеле дека немаат положено за Ц и Д категорија, во договор со првообвинетата поднесувале барања за издавање возачки дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории.

Со таквите невистинити исправи тие аплицирале и добивале сертификати за професионална компетентност за возачи за учество во меѓународен превоз на патници и стоки. Потоа, во повеќе наврати, управувале автобуси или товарни возила во меѓународен сообраќај.

За тројца од обвинетите, меѓу кои и вработената во МВР, обвинителот предложил продолжување на претходно определената мерка притвор. За другите тројца, кои се недостапни за органите на прогонот, предложено е определување притвор по нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство.

Во рамките на истиот предмет продолжуваат дејствијата за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи. Обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари