ВИДЕО: Расправија па тепачка меѓу тетовец и кумановец, МВР објави детали за инцидентот на скопскиот аеродром

Од:

Видеото од физичката пресметка на Меѓународниот аеродром Скопје, кое вчера се прошири на социјалните мрежи, е снимено за време на инцидент меѓу двајца мажи, потврди Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 20 септември, по претходна расправија меѓу 20-годишниот Б.Т. од Тетово и 42-годишниот Б.А. од Куманово.

Во физичката пресметка бил употребен и тврд предмет, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 19:10 часот.

Снимката од инцидентот, на која се гледа како двајцата мажи физички се пресметуваат во просториите на аеродромот, вчера беше широко споделувана на социјалните мрежи. Во тој момент немаше официјални информации за тоа што се случило и кои биле учесниците.

МВР денеска потврди дека станува збор за нарушување на јавниот ред и мир. Од полицијата засега не соопштуваат што ја предизвикало расправијата, дали некој од учесниците бил повреден или дали некој бил лишен од слобода.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва