А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Млад велешки насилник во притвор откако со нож ја ранил 17-годишната невенчана сопруга

by А1он14/07/2021 - 16:1714/07/2021 - 17:45582
Share0

18-годишен велешанец вчера ја нападнал и со нож ја повредил една година помладата невенчана сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Добивај вести на вибер

„На 13.07.2021 од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди. Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош“, се вели во полицискиот билтен.

По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Околу случајот се огласи и Oсновното јавно обвинителство Велес, кое соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против велешанецот. Според ЈО 19-годишниот насилник ќе одговара за обид за убиство при вршење на семејно насилство.

„На 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата“, велат од Обвинителството.

Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

mvrsemejno nasilstvoveles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:1116/02/2026 - 12:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен