Мизрахи -Тимоние: Поддршка во борбата против поделбите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше и се даде целосна поддршка во борбата против поделбите и сегрегација во општеството по
основ на религија, етничка припадност и останати основи.

Амбасадорот на Франција, се интересираше за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на влада за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување.

Министерката Мизрахи го информираше за сите предизвици со кои се соочува таа како министер, но и како жена во период на функционирање на техничка влада, но и во услови на големи поделби во општеството.

Заеднички ја потврдија важноста и заложбите за унапредување на родовата еднаквост и потребата од идна соработка во превземање на афирмативни мерки за зајакнување на местото и улогата на жените во општеството.

Би можело да ве интересира

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

Ковачевски и Мицкоски на средба в среда, ќе се разговара и за мнозинство за промена на Уставот

Орце Костов

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска