Мизрахи: На семејството чии деца загинаа во пожарот понудено им е сместување и парична помош

Од:

Министерката за труд Рашела Мизрахи вели дека на семејството од Шуто Оризари чија куќа денеска изгоре во пожар и загинаа нивните две малолетни деца, понудено им е сместување и еднократна парична помош.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа денес нивните родители. Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадмостлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните  браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед“, вели Мизрахи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он