Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

Од:

Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 луѓе, а градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов побарал воздушна поддршка за гаснење на пожарот, но како што информираат од ЦУК биле известени од МВР дека заради технички причини не можат да обезбедат хеликоптерска поддршка.

– Дополнително ЦУК достави барање и до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), но до овој момент сè уште нема одговор. Паралелно, испратено е и барање до Генералштабот на Армијата за можност за ангажирање воздушна поддршка и се очекува одговор и од нивна страна, се наведува во соопштението од ЦУК.

Оттаму додаваат дека станува збор за сериозен пожар кој зафаќа голема површина со населени места од расфрлан тип, што претставува потенцијална закана за животот и здравјето на населението, како и за објекти, имот и инфраструктура во регионот зафатен од пожарот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он