Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Од:

Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација.Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори. Што велеше Филипче – Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ.Во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција. Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета. Целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена. За да можат да градст криминал и корупција наместо европски вредности. Нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да го видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност, рече Митева.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните