Минарето на охридската џамија доби нов кат, никој не смее да го сопре градењето

Од:

Минарето на Али-пашината џамија во Охрид и натаму се гради, без потребните дозволи. Охриѓани велат дека е кренат уште еден кат, а од зелената ограда поставена околу минарето не се гледа конструкцијата. Градежните активности кусо беа прекинати само од лошите временски услови, но не и од инспекциските служби. За изградба на минарето, треба да се издаде дозвола за градба од ресорното министерство, во спротивно тоа ќе треба да се отстрани.

Премиерот Зоран Заев вети дека ќе се сопре со градење на дивоградбата на Али-пашината џамија. Тој пред една недела во изјава за „А1 он“ беше дециден дека доколку и натаму минарето се гради без договор, тогаш ќе постапат институциите. Но, инспекциските служби не излегоа на увид, а на локацијата во старата охридска чаршија и натаму непречено си работат мајсторите.

Пред изборите, кога Заев бараше гласачка поддршка за кандидатот за градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски и за претседателот Стево Пендаровски, категорично рече дека нема да се гради сè додека не се најде решение, а разговорите ќе продолжат по изборите. До овој момент ниту е закажана ниту е одржана нова средба меѓу здружението „Совест“, градските власти и ИВЗ.

Михаил Трендафилов-Нанче од „Совест“ на последната средба со медиумите посочи дека проблемот го забележале во замешаноста на политиката, а не во неспособноста на институциите.

„А1 он“ претходно објави дека пазарот за изградбата на минарето е направен. Неофицијално, ИВЗ ќе направи отстапки во висината на минарето, кое, наместо 32, ќе биде 25 метри, за да ги затворат спорните прашања со Владата. Премиерот Заев го негира ваквиот договор, а од ИВЗ немаат конкретен одговор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Странец почина во џамија, обвинителството нареди обдукција

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски