ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Од:

ДУИ обвинува дека повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште.

Од партијата потсетуваат дека во мај 2025 година, тогашната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите.

„По јавната пријава, Обвинителството отвори истражна постапка против инвеститорот. Според тогашното соопштение на Обвинителството, станува збор за шесткатен станбено-деловен објект, започнат без одобрение за градба и на државно земјиште. Беше предложена и забрана за изведување градежни работи“, наведуваат од ДУИ.

Според партијата, по преземените активности градежните работи биле запрени, но една година подоцна работници и градежна механизација повторно се на терен.

„Соседните семејства повторно се соочуваат со објект кој им ги затвора прозорците и балконите, додека од Општина Чаир нема ниту објаснување, ниту инспекциски записник, ниту јавно решение за запирање на работите“, обвинува ДУИ.

Од партијата бараат Општина Чаир веднаш да испрати инспектори на терен и јавно да одговори на неколку прашања: врз основа на која документација се продолжени работите, дали постои важечко одобрение за градба, што презел општинскиот инспекторат и дали сè уште важи забраната за градежни работи предложена во рамки на истражната постапка.

ДУИ бара и Обвинителството да ја информира јавноста до каде е истрагата и како, како што велат од партијата, е овозможено продолжување на работите на објект кој самото Обвинителство го третирало како дивоградба на државно земјиште.

„Секој ден молк му дава на инвеститорот уште еден кат, а на станарите им одзема уште повеќе светлина, простор и безбедност“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“