(ВИДЕО) Милошоски по средбата со Русковска: Заев да даде исказ дали знаел за финансирањето на 1ТВ

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудио запис и транскрипт од материјалот што го добил од „свиркач“. Милошоски тврди дека станува збор за доказ дека експремиерот Зоран Заев знаел за начините на кои се финансира 1ТВ чиј неформален сопственик беше Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинет за случајот „Рекет“.

„Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека истиот ќе го вклучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат дека Зоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ. Да нема никакви дилеми, јас како правник порачувам дека најдобро би било обвинителството да го повика Заев да даде исказ во однос на сомничењата. Ова е засега се што имам, доколку имам друг материјал, би постапил исто како сега. И за да нема прејудицирања, би било добро Зоран Заев да дојде да се изјасни дали знаел или не знаел како се финансираат и Меѓународниот сојуз и 1ТВ”, изјави пратеникот Милошоски по предавањето на аудио материјалот.

Инаку, истата снимка пратеникот ја објави на Комисијата за европски прашања, а транскриптот од разговорот им го подели на пратениците.

Во транскриптот што Милошоски го прочита, наводно З.З води разговор со друго лице чиј идентитет е непознат, а зборуваат за осомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски. Според транскриптот, Заев наводно вели дека Јовановски за 1ТВ добива пари од бизнисменот Силјан Мицевски, како донација преку проектот за старечките домови на Меѓународниот сојуз.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски