ЗНАМ: Среќа за сите што Милошоски не е премиер на Македонија

Од:

„Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди. Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил премиер. Добро е да потсетиме за среќа на сите:

Тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде“, рече на денешната прес конференција Павле Арсоски, потпретседател на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Поводот за конференцијата, како што рече Арсоски, беше настапот на Милошоски во кој изрази најотворен сомнеж во квалитетот на работењето на министерот за правда Игор Филков, претседател на централниот одбор на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и еден од најуспешните министри во Владата на Мицкоски.

„Добро е да се вратиме на реалноста, а не на политички фантазии. Министерството за правда и министерот Филков во изминатите 18 месеци имаат подготвено 28 закони, кои се во различна фаза на донесување. Особено внимание е посветено на законите кои треба да се донесат согласно Реформската агенда – владеење на правото. Од нив повеќето закони се доставени до Владата и се во владина процедура“, рече Арсоски.

Тој додаде дека во интерес на Македонија и на сите нејзини граѓани треба да се продолжи со посветена работа на реформските процеси кои се единствениот пат кон европска иднина.

„Очекуваме во најкраток можен рок ВМРО ДПМНЕ јавно да се огради од ставот на Антонио Милошоски“, рече потпреседателот, Павле Арсоски.

Запрашан кој е ставот на Движењето во однос на измените на кривичниот законик, Арсоски одговори:

„Движењето ЗНАМ и пред минатогодишните парламентарни избори беше кристално јасно. Партијата е на став дека проблематичните измени на членот 353 од Кривичниот законик треба во најитна постапка да се вратат и да бидат во иста тежина согласно санкциите, дури ако е можно и да се зголемат. И ние опстојуваме на тоа и работиме на тоа“.

На прашањето дали податокот дека речиси 90 проценти од законите се во владина процедура значи дека Владата се однесува неажурно кон подготвените предлози и дали смета дека целиот процес треба да оди позабрзано од страна на владата, потретседателот Арсоски рече:

„Сакаме да кажеме дека перцепцијата во јавноста кон министерот за правда и Министерството за правда кое што во 18 месеци подготви 28 закони, што се нема случено во поновата историја на Македонија, е нешто што треба да се респектира. Законите се подготвени. Некои се во измени и дополнување, некои се комплетно нови закони. Но прашањето треба да го упатите кон Владата и премиерот Мицковски, не кон Движење ЗНАМ, затоа што министерот со неговиот тим ја сработи работата и оваа цела плејада на закони се во одредена фаза на постапка“.

Би можело да ве интересира

Груевски уште е државјанин на Македонија, постапката за екстрадиција продолжува, велат од Министерството за правда

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ