Миланов: Ќе поднесам жалба за притворот на Јанакиески

Од:

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која беше одредена 30-дневна мерка притвор за ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, адвокатот Еленко Миланов изјави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука на кривичниот суд.

Јанакиевски и Ристовски, заедно со Никола Груевски и Никола Бошкоски се осомничени за огранизирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Вечерва во судот беше повикан и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е исто така осомничен за организирање на упадот, но тој се повика на пратеничкиот имунитет по што го напушти судот. „А1он“ дознава дека за него најверојатно утре ќе биде доставено решение до Собранието за да му се одземе пратеничкиот имунитет.

Неофицијално притвор се бара и за Никола Груевски, и ќе биде проширено барањето за екстрадиција и за овој предмет. За случајот осомничен е и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој беше притворен по сведоштвата што во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.

Меѓудругото истражната постапка се води по исказот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа кој ги посочи Јанакиески и Ристовски, дека на 27 април биле во зградата на ВМРО-ДПМНЕ и го контролирале упадот во Собранието.

Виктор Јованов 

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски

Миланов: Настанот во М-НАВ се случил зад грбот на Незири, без негово учество

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески