Мицевски: Заев јавно се заканува на опозициски пратеници

Од:

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски.

Мицевски истакна дека СДСМ и Зоран Заев се навикнати да функционираат така што ќе се закануваат на nеистомислениците насекаде низ државата, па така денеска и јавно во Собранието Зоран Заев се закани на опозициски пратеници.

„Скандалот е уште поголем поради тоа што и претседателот на Собранието е на страна на претседателот на владата Зоран Заев и му дозволува јавно да се заканува на опозициски пратеници, што наликува на начинот на работа во Северна
Кореја.

Зоран Заев како претседател на владата треба да се занимава со ветените проекти, проекти кои народот чека да се испорачаат и реализираат, а не да отвора сомнеж или да вели дека за одреден пратеник има индиции за криминал. Во
Република Македонија постојат институции кои се надлежни за испитување на таквите индиции доколку навистина постојат, но за жал, очигледно е дека Зоран Заев е човекот кој е и судија и кадија во државата.

На јавноста и е добро познато дека адвокатот на премиерот се среќава со судии надвор од судските инстанци и донесуваат одлуки кои се донесуваат во приватни дружби, но тоа не смее да биде ветер во грб на претседателот на
Собранието и истиот да не го заштитува интегритетот на сите пратеници во Собранието на Република Македонија,“ рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот