Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го обвини лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, дека одговорноста за состојбите во опозициската партија ја бара надвор од неа.

Петрушевски тврди дека во СДСМ се случува „хаос“, обвинувајќи ги актуелни и поранешни функционери на партијата за меѓусебни несогласувања.

„Додека надлежните од власта работат на сите полиња што водат кон подобри услови во државата за секој граѓанин, во опозицијата се случува хаос“, наведува Петрушевски.

Тој ја посочува и агендата на премиерот Христијан Мицкоски во САД, за која вели дека е насочена кон привлекување нови инвестиции, продлабочување на партнерствата со САД и НАТО, како и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ.

Според Петрушевски, наместо консолидација и креирање политики за граѓаните, во СДСМ има внатрепартиски конфликти.

„Од една страна Венко Филипче и дел од раководството на СДСМ, од друга страна поранешни и актуелни функционери на СДСМ се поставуваат контра Филипче“, вели Петрушевски.

Тој додава дека Филипче, наместо да се занимава со состојбите во сопствената партија, ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Сè додека за Филипче само другите се виновни, СДСМ тешко дека може да се извлече од дното“, вели Петрушевски.

Петрушевски истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се меша во внатрешните работи на СДСМ и дека, како што наведува, партијата е фокусирана на спроведување проекти за кои смета дека се во интерес на граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните