Меѓународна работилница за постапување по случаи за заштита на лични податоци

Од:

Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) денеска и утре е домаќин на меѓународната Работилница за постапување по случаи (Case Handling Workshop), дел од серија настани организирани еднаш годишно од органите за заштита на податоци во различни земји, со цел да се разменат идеи, искуства, знаења, информации за практични прашања на оперативно ниво.

Работилницата и претходи на Пролетната конференција на органите за заштита на податоците.

На работилницата во Скопје присуствуваат претставници на органите за заштита на податоци на меѓународно ниво од Германија, Швајцарија, Унгарија, Монако, Луксембург, Велика Британија, Шведска, Норвешка, Италија, ЕУ, Европската комисија и Европскиот супервизор за заштита на податоците кои се редовни учесници.

Програмата за работа ќе опфати случаи теми посветени на правото на приватност на интернет и објавување на податоци за цели на судските постапки – правото на фер судење, прекумерна збирка на лични податоци и рамнотежа помеѓу правото на заштита на личните податоци и правото на пристап до јавни документи, прекумерно собирање на лични податоци од компаниите за издавање недвижнини, мониторинг на јавни место од страна на камера инсталирана во возило и друго.

Од ДЗЛП наведуваат дека од особено значење се меѓународните искуства на овие теми со оглед на бројот и видот на добиени претставки во изминатиот период, како и извршениот инспекциски надзор.

Би можело да ве интересира

Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити вредни над 5.000 евра

Спасовски ја демантира Антикорупциска: Нема масовна злоупотреба на податоци

Орце Костов

ДИК не го тестирала софтверскиот систем пред изборите, загрозени личните податоци на граѓаните

А1он

Безбедноста на личните податоци најголема грижа на Европејците на интернет

Полициската регулатива за заштита на лични податоци да се имплементира во македонското законодавство

„Твитер“ призна дека споделувал лични податоци на корисници со огласувачи