Спасовски ја демантира Антикорупциска: Нема масовна злоупотреба на податоци

Од:

По оценката на претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска дека при јавната набавка за дигитализација на матичните книги не биле предвидени мерки за заштита со приватноста на податоците на граѓаните и дека постоел висок ризик особено со тргување на лични подататоци, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објасни дека според неговите информации од МВР нема масовна злоупотреба на податоци.

– Ние и досега сме постапувале по предмети кои значат злоупотреба на лични податоци. Не може да стане збор за масовна злоупотреба на податоци. Бројот на случаи за кои постапуваме не е број кој може да не алармира. Сите институции кои постапуваат по личните податоци имаат свои правила и процедури. Најголемата злоупотреба е преку порталите и социјалните мрежи и мора да се работи на тоа – истакна Спасовски при посетата на СВР Битола.

Во врска со изнесени наводи во јавноста за незаконски спроведена јавна набавка на услуги за „дигитализација на матичните книги” од страна на Управата за водење на матични книги, ДКСК утврди дека во двете тендерски постапки не биле предвидени соодветни заштитни мерки со цел да се зачува приватноста односно личните податоци на граѓаните на РСМ при скенирањето, контролата, управувањето, преносот и обработката на личните податоци од страна на ангажираните економски оператори врз основа на договорите склучени со Управата за водење на матични книги.

Во тендерската документација, било барано економските оператори да достават доказ за валиден сертификат односно доказ дека економските оператори имаат воспоставено систем за управување со безбедност на информации, согласно со барањата на претходно наведениот сертификат.

-Меѓутоа, дали ваквиот сертификат обезбедува заштита на лични податоци, т.е. заштита на документите кои содржат лични податоци на граѓаните на РСМ. Имено, личните податоци не се класифицирани, за да се бара исполнување на ваков услов. Истите подлежат на висока регулатива за пристап до истите и нивна заштита, согласно со Законот за заштита на личните податоци. Меѓутоа, сепак јавните набавки биле спроведени и при тоа биле избрани економските оператори појаснуваат од Комисијата.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните