Медиумски мрак почнува в недела, кабелските оператори времено ќе ги гасат сите телевизии

Од:

Поради ненадминатите неосгласувања околу авторските права за програмите што ги реемитуваат, кабелските оператори од недела ќе почнат, времено, да ги исклучуваат сите телевизии.

„А1он“ дојде до документ – протестно писмо, со кој операторите ги известуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, техничкиот премиер, министерот за информатичко општество, директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникациии како и амбасадите за медиумскиот мрак, непосредно пред почетокот на изборната кампања.

За време на прекините, место да се емитува програмата, на екраните ќе бидат испишани причините за исклучувањето. Исклучени ќе бидат странските канали но и програмите на националните телевизии „Сител“, „Канал 5“, „Телма“, „Алсат М“ и „Алфа“.

Во протестното писмо операторите уште еднаш ја опишуваат историјата на проблемот кој настана со усвоените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, на денот на распуштањето на Собранието, 16.02.2020 година. Измените, за кои операторите велат дека се незаконски, беа донесени во скратена постапка и без јавна расправа, а им наметнаа на операторите обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Кабелските оператори од недела ќе почнат, времено, да ги исклучуваат сите телевизии

Операторите сметаат дека ваква законска обврска е неприменлива.

„Операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, а уште помалку одговорност, за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите“, посочуваат операторите и нагласуваат дека за ова постојат правни алатки во Законот за авторско право и Кривичниот законик со кои се штитат авторските права.

Веднаш по изгласаната измена, на 22 февруари операторите поднеле иницијатива до Уставниот суд за оценување на спорните одредби од Законот со брарање за времена мерка која ќе го одложи применувањето, но судот се уште не одлучувал.

По неколку средби со високи владини претставници, Владата на почетокот на април го ставила вон промет спорниот член 143 со најава дека ќе го разрешат проблемот, но еден месец подоцна, во мај, со нова Уредба го врати на сила членот 143 и предвиде обврска на операторите за регистрирање на сите веќе регистрирани странски програмски сервиси во рок од 60 дена.

„ Овој рок истекува на 08.08.2020 година, доколку најитно не се промени нешто, постои опасност од целосно исклучување на услугите за реемитување на телевизиски содржини од нашата понуда и настанување на медиумски мрак“, известуваат операторите во протестното писмо.

Тие предлагаат надминување на проблемот со затемнување на содржината реемитувана од странска телевизија за која национална телевизија ќе ги извести дека има ексклузивни права за реемитување на територијата на Македонија.

Од 8 август операторите најавуваат целосно гасење на телевизиите доколку не се најде решение на пробемот

„ Доколку овие измени бидат прифатени, ќе направиме дополнителна активност во осигурување на почитувањето на авторските права, а со тоа ќе станат непотребни строгите изјави кои ни се наметнати, а кои нема да можеме да ги обезбедиме како и потребата од повторно регистрирање на сите странски канали заради достава на ваквите изјави како дел од регистрацијата и сето тоа во рок од 60 дена, односно заклучно до 08.08.2020 година“, сметаат операторите.

По истекот на рокот операторите велат дека ќе мораат да исклучат поголем дел од странските канали, а поради економската неиздржливост тоа ќе резултира со гасење на платформите за реемитување и враќање на достапноста и разновидноста на телевизиски содржини на ниво од пред 30 -40 години.

„Од тие причини на 21.06. сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неиздржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август како резултат на Уредбата“, објаснуваат операторите.

Прекините во реемитувањето на телевизиите ќе траат се додека не се најде прифатливо решение со кое ќе се избегнат спорните одредби кои го спречуваат реемитувањето.

Несогласувањата меѓу операторите и националните телевизии кулминираа на почетокот на годинава кога петте национални телевизии во знак на револт од власта неколку дена не ги пренесуваа изјавите на министрите

Несогласувањата меѓу операторите и националните телевизии траат неколку години, а кулминираа на почетокот на годинава кога петте национални телевизии кај нас во знак на револт од власта која не го решава проблемот, неколку дена не ги пренесуваа изјавите на министрите. Иако гледачите ја забележа промената и своевидниот тивок бојкот, сопствениците на телевизиите уверуваа дека се работи само за впечаток на поединци и дека нема организиран бојкот на власта.

Операторите, пак, првпат исклучување на сите телевизии освен МРТВ и собранискиот канал најавија за почетокот на март, но исклучувањето не се случи. На ваквите закани дел од телевизиите одговорија со прашање што би се случило доколку тие се исклучат од операторите оти тие секогаш имаат резервна варијанта и гледачите секако ќе може да ги следат.

Привремено стопирање на препирањата стави Уредбата од април, но националните телевизии и во време на криза сите гостувања на министрите ги искористија и за актуелизирање на проблемот со операторите што пак резултираше со новата Уредба во мај која повторно ги обврза операторите за регистрирање на сите веќе регистрирани странски програмски сервиси заедно со изјавата дека сносат материјална и кривична одговорност за содржините што ги реемитуваат.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски