Работиме заедно и на решавање на проблемите, меѓутоа и на спроведување на оваа најважна статистичка операција по 20 години, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, кој уште додаде дека е во секојдневна комуникација со тимот на Државниот завод за статистика.
– Заклучно со вчерашниот ден попишани се, од теренскиот попис, 618.000 граѓани, и тоа е за првите седум, осум дена се навистина сериозен резултат особено со оглед на тоа што имаше два дена технички проблеми коишто за среќа успешно ги надминавме, рече Маричиќ.
Додаде дека ние за првпат спроведуваме попис по оваа методологија со нова технологија, со современи технологии.
-Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети коишто во исто време 5000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешт, кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем да се јават и технички проблеми. Тоа се случувало и во други држави, во Италија, и во други да не ги споменувам, имало поголеми застои, но пописот продолжува, истакна министерот Маричиќ.
Тој исто така наведе дека со сите тие технички проблеми, хакерски упади, со помош на тимот на ДЗС, компаниите коишто ја спроведуваат апликацијата, МВР и Телеком со заеднички сили успеале да ги решат сите проблеми.
– Колку што знам стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај. Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи, рече Маричиќ.