Македонија има 18.897 неписмени лица, објавен трет сет податоци од пописот

Од:

Државниот завод за статистика објави трет сет податоци од минатогодишниот попис кој се однесува на образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од карактеристиките на живеалиштата на населението. Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021.

dobivaj vesti na viber

Објавените податоци, накусо, покажуваат:

– Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се 18 897 или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.

– Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.

– Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се од областа Информатичко-комуникациски технологии.

– Во вкупното резидентно население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основно образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.

– Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население, односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549.

– Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се жени.

– Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица, има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени.

– Во вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766.

– Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 и тоа: 1.8 % на возраст од 0 до 14 години, 43.5 % на возраст од 15 до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.

– Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.

– Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени, а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.

Директорот на државниот Завод за статистика Апостол Симовски денес извести дека деновиве се подготвува печатење пописен атлас во кој ќе бидат сместени сите досега објавени податоци, но претставени како карти, мапи.

Би можело да ве интересира

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Симовски: Каде беа за пописот тие 132.000 граѓани, наседнаа на убедувањето за бојкот

А1он

Бизнисменот Кирил Лазаров: 100 000 стари жители повеќе и 200 000 млади луѓе помалку е огромниот предизвик по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација

Ана Ололовска

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста

„Најголем фалсификат“, „Оставка од Симовски и од Владата“, граѓаните револтирани од резултатите од пописот

Маја Илиевска-Пачемска