Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот

Од:

Политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја однесе претходната коалиција во опозиција, а треба да се види дали има основи за кривична одговорност, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје поврзано со можноста за воведување на електронски попис.

Тој се осврна на вчерашниот одговор на пратеничко прашање и напомна дека електронскиот попис може да се направи врз основа вкрстуавање на десетина референтни бази на податоци и според насоките на ЕУРОСТАТ.

– Мојот предлог беше за да не се оспори правото на дијаспората, дајте ни една изборна единица и сите гласови една изборна единица. Не можеме да ја развиваме државата врз основа на лажни податоци. Секоја влада треба да го прави развојот врз некакви податоци. А врз основа на што? Седнеле двајца-тројца се договориле: пиши-бриши и завршиле работа. Се случувале чудни работи кои се темелеле на ништо, на ветер и магла. И сега од опозицијата ви кажуваат дека што требало да се прави. Тие ни остави опашки кои ги решаваме чекор по чекор, рече премиерот во одговорот.

Во врска со спроведувањето на електронски попис и влијанието врз намалување на бројот на советници на претстојните локални избори, Мицкоски рече дека станува збор за можност доколку се искаже сомнеж во бројот на населението.

– Тие што ја користеле таа методологија при пописот не требало да ја користат, иако не убедуваа дека била европска, светска, ама испадна дека не е така, рече премиерот.

Тој појасни дека редовни пописи се организираат на почетокот од секоја декада, односно се очкеува во 2031-2032 година, а за вонредниот попис, посочи дека доколку има политичка волја или сомнеж тој може да се организира брзо.

– Некој повторно се обидува да ги злоупотреби чувствата на граѓаните со политички пораки, а ова е техничка работа. И претходно како опозиција и сега како влада тоа го тврдиме, рече премиерот.

Тој оцени дека е добро што на претстојните избори се намалува бројот на советници, бидејќи како што кажа се намалуваат и трошоците.

Би можело да ве интересира

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски