Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Вицепремиерот Маричиќ му посака топло добредојде на Мишел и изрази големо задоволство од неговата посета, која е во исклучително важен момент за нашата земја и за целиот регион.

-Во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство оваа посета е одлична можност со г-динот Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ, но и да поразговараме за идните планови за натамошниот развој на Западен Балкан и ЕУ, вели Маричиќ.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог, каде заедно со претседателот Стево Пендаровски, ќе го отворат со првата сесија, на која ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Мишел: Имаме договор за поддршка на Украина

Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во владата на Џафери, за Груби се измислува ново вицепремиерско место „за политички прашања“

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Мишел: До 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Мишел до Зеленски: Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ

ВИДЕО: Шарл Мишел на пат за Украина