Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата

Од:

Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.

– Честитки Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Честитки, како што наведе, до новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, преку платформата Икс упати и Мишел.

– Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Северна Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.

Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром