Мишел: До 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево од Бледскиот стратешки форум порача дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување, јави известувачот на МИА од Словенија.

Ова, според Мишел, треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, вели тој, треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија.

Мишел предлага да се воведе „confidence clause“ за земји што влегле да не блокираат земји кои сакаат да влезат.

Земјите аспиранти, според Мишел, треба да го почитуваат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и криминалот и да ги спроведат реформите.

На панелот учествуваат премиерите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), како и премиерите на Хрватска и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Мишел: Имаме договор за поддршка на Украина

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Мишел до Зеленски: Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ

ВИДЕО: Шарл Мишел на пат за Украина

Мишел: Министерот за внатрешни работи на Украина беше „голем пријател на ЕУ“

А1он

Шарл Мишел: Јас лично се залагам за испорачување на тенкови во Украина

А1он