Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не гледа дека извештајот на Европската комисија е негативен за Македонија. Според него, има напредок во 80 отсто од поглавјата.

„Комисијата дава објективен пресек на напредокот но и на слабостите. Произлегува важна порака, имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, а не е нотирано назадување. Оценката е добро ниво во 2023 година и е солидна константа веќе неколку години наназад. Во делот на кластерот Фундаментални вредности, се нотира дека државата испорачува резултати“, вели Маричиќ.

Според него, позитивен е планот за раст, кој предвидува трансфер на пари кон земјите кои преговараат, но уште не се членки на Европската Унија.

„Го поздравуваме планот за раст. Ние како држава побаравме од ЕУ да можеме да ги користиме придобивките и пред да станеме членки. Заедничка цел наша и на ЕУ е до април 2024 година е да се направи прв трансфер на средства кон Македонија и кон Западен Балкан. Тоа значи дека ако забрзаме, првиот трансфер може да го имаме за 5 месеци од сега“, вели Маричиќ, кој додаде дека опозицијата прави опструкции за европскиот пат на земјата.

За разлика од него, евроамбасадорот Дејвид Гир даде низа критики, дека во Македонија има зголемена висока корупција, злоупотреба на ЕУ знаменцето, но и дека има недоверба во судиите.

Би можело да ве интересира

Магла на Плетвар, влажни коловози

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Европска Комисија: Нема одложување во имплементацијата на ЕЕС

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски