Маричиќ: Бугарија нема да извади нови барања ако го промениме Уставот до ноември

Од:

Ако Собранието ги изгласа уставните измени до крајот на ноември, Македонија ќе има три комплетирани задачи: завршени уставни измени, завршен скрининг и усвоени патокази од Советот што ќе овозможи автоматски да се отвори кластерот еден, истакна вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

Кога овие три работи ќе бидат подготвени, останува само ЕУ да го отвори кластерот. Не очекува дека Бугарија ќе стави ново барање на маса.

– Досегашната комуникација со бугарската влада не укажува дека има какво било наметнување на нешто повеќе од она што го има во преговарачката рамка. Доколку успееме да ги завршиме нашите обврски, мислам дека нема Бугарија да има кредибилитет да вади било какви барања или причини. Ако има такво нешто, земјите –членки ќе извршат притисок да се тргне тоа од масата, а мислам дека и кај новата бугарска влада има голема волја да продолжиме понатаму – рече вицепремиерот.

Идеално за Секретаријатот за европски прашања би било во месец септември да биде усвоен извештајот за скринингот за првиот кластер и да ја добиеме поканата за доставување на патоказите.

– Затоа го користиме овој период за да ги работиме патоказите и да ги имаме до крај на септември – додаде тој.

Маричиќ вели дека пролонгирањето на уставните измени ќе биде на наша штета затоа што следната година имаме избори и дома и во Европскиот парламент. Затоа Владата е суштински подготвена да разговара со опозицијата како да се гласаат уставните измени, но во барањата да не се отстапува во преговарачката рамка.

– Пролонгирање на овие уставни измени е на наша штета. Имаме претседателски избори, мандатот на Стево Пендаровски е до 12 мај и тие избори се врзани со рокови. На почетокот на јуни има избори за Европскиот парламент, едноставно фокусот ќе биде на друго место.

Нема да се откажаме од обидите до крајот на мандатот на ова Собрание и оваа Влада да ги усвоиме измените. Важно е тоа да биде до крајот на годината за да го фатиме процесот на креирање на нов пакет за следно проширување на Европската унија заедно со Украина, Молдавија, државите од Западен Балкан, да останеме заедно во процесот со Албанија како и досега. Односно да се заврши процесот од крајот на годината и да ја дочекаме одлуката за отворање на кластерот. Она што покажавме досега е дека владата е суштински подготвена да разговара со опозицијата како да се изгласаат уставните измени. Но, наше инстистирање е се да остане во рамките на преговачката рамка на ЕУ – потенцираше Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година

Горан Наумовски

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Орце Костов

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат

Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

За Маричиќ не е проблем да се потрошат 350.000 евра народни пари за кампања: „Наша должност е да ги информираме граѓаните“

Орце Костов