Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Од:

Вршителката на должноста македонски амбасадор во Софија, Агнеса Руси Поповска беше повикана на состанок во Министерството за надворешни работи во врска со неодамнешните јавни коментари на претседателот Стево Пендаровски и според, бугарското МНР, лажните изјави од негова страна за Република Бугарија.

„Министерството за надворешни работи категорично се противи на обидот Бугарија и нашите билатерални односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.

Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина на јавен спокој за да може да се спроведат потребните реформи.

За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не се разбрани и ценети од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред своите граѓани.

Уште еднаш ја покануваме политичката елита во Северна Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и строго да го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година. е единствената можност да се постигне вистински напредок во процесот на европска интеграција на земјата за доброто на нејзините граѓани“, објаснија од бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија