Левица: Растот на платите постои во табелите на ДПМНЕ, а не во паричниците на мнозинството работници

Од:

Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е двојно зголемен за една година владеење на ДПМНЕ, а инфлацијата е „стабилизирана“ како што изнесува на прес-конференции пратенкот Бојан Стојаноски, е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат над половина милион работници во Македонија, велат од Левица.

ДПМНЕ ја користи тезата за растот на реалната плата од 6,7% како доказ дека наводно народот живее подобро. Но, прашањето е кој народ? Во мај 2025 година од 509.960 работници кои имале исплатена нето плата дури 374.045 работници или 73,3% добиваат плата под просечната. 169.082 работници односно 33,1% преживуваат со плата под 30.000 денари – сума која е двојно пониска од синдикалната минимална кошница, која во август 2025 достигна 65.507 денари.

Ако растот на реалната плата е толку висок, како е можно една третина од работниците да се под прагот на сиромаштија? Овој парадокс ја разобличува суштината и го истакнува фактот дека растот на реалната плата во статистиките на ДПМНЕ не го чувствуваат мнозинството граѓани.

Исто така, власта манипулативно се повикува на просечна инфлација од 3,6% за периодот јули 2024 – јули 2025. Сепак, оваа бројка е вештачки измазнета и ги прикрива реалните поскапувања на храната, енергенсите и кириите во последните кои во пет години се зголемени за 30-40%. Во реалниот живот, платите не го следат растот на цените, а работничките семејства се соочуваат со економска состојба потешка од кога било. „Стабилизирана инфлација“ постои само на хартија, додека секојдневието на народот е бележано со постојана неизвесност, долгови и осиромашување.

Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните: ефективна контрола на цените на основните продукти, зголемување на минималната плата на 500 евра, унапредување на социјалните мерки, транспарентност во монетарната и фискалната политика како и пристапување кон прогресивен и фер даночен систем.

Левица предупредува дека економската политика на ДПМНЕ е политика на одбрана на привилегиите на малцинството наспроти интересите на мнозинството.
Наместо козметички статистички игри, потребни се итни мерки за заштита на граѓаните – ефективна контрола на цените на основните производи, зголемување на минималната плата на 500 евра, унапредување на социјалните механизми за заштита, целосна транспарентност во монетарната и фискалната политика, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

Александар Јовановски води пред Фатмир Дехари во Кичево

Златко Ристов останува градоначалник на Конче