Лазаревски: Копираните логови од незаконското прислушување му ги предадов на Верушевски на крајот на 2010 година

Од:

Врз основа на прецизни пресметки дојдов до тоа кој оператор на кој таргет му пристапил и колку пати во одреден временски период. Секој репродуцент мора барем 10 пати да пристапи за да обработи еден разговор. Врз основа на тоа заклучив дека логовите за влез во системот се идентични со иницијали на вработени во УБК. Операторот Г. Г., Н.Н и операторот „ДИРЕКТОР“ комплетно беа концентрирани кон таргети кои сметав дека се нелегални, а сите останати оператори пристапуваат само до таргети кои се легални. Претпоставувам дека под акаунтот „ДИРЕКТОР“ стоеше Сашо Мијалков, под иницијалите „Г. Г.“ Горан Груевски а под „Н. Н.“ стои лицето Надица Николиќ.

Заклучокот беше дека во нелегалните таргети има броеви од многу јавни личности, политичари од опозицијата и запомнив дека има еден министер а тоа е Миле Јанакиески, сведочи Ѓорги Лазаревски поранешен вработен во УБК кој ги извади нелегално прислушуваните разговори од МВР.

– Тој заклучок за Јанакиески го сфатив подоцна бидејќи не го знаев неговиот број, тоа беше кога опозицијата ги објави материјалите, Јанакиески беше потпишан под псевдонимот Тугин.

Со тие сознанија кои за мене беа изненадување почнав да размислувам што да правам, со сите што се советува, никој не беше изненаден дека е толкав обемот на личности кои се во системот на МВР за прислушување, а нема причина да бидат под таква обработка. Со тоа сознание живеев во наредните 2 години без да превземам ништо бидејќи знаев дека не можам да го докажам, сведочи Лазаревски.

Во случаен разговор со колегата Звонко Костовски кој е исто така сведок во случајот, Лазаревски дознал дека не бил прислушуван само Јанакиески од тогашната власт туку на листата биле и останати функционери.

-Го запрашав дали е вистина дека се прислушуваат актуелни министри, реакцијата на Звонко беше дека нема кој не се прислушкува. Го замолив да почне да собира докази кои кога тогаш ќе се употребат за подоцнежна судска разврска за нелегалното прислушување, вели Лазаревски.

На прашањето на обвинителот Трајче Пеливанов кој го вршел незаконското следење на комуникациите, Лазаревски одговори дека нема сомнеж оти прислушувањето е направено во рамките на системот Веринт и јасно е дека секој таргет е вклучен од одреден оператор маркирач. Нема дилема дека сите тие луѓе кои имале пристап до системот за прислушување се дел од структурата на МВР и немаше ниту еден од иницијалите кој ми беше непознат и нејасен затоа што идеално се поклопуваа.

Копираните логови Лазаревски ги чувал и се обидувал да опомене дека се случува нелегално прислушување.

– Не најдов ниту едно лице кое ми посочи што да правам за тоа што го поседувам да биде дадено како судски доказ. Така тоа остана како моја лична архива, а подоцна кога почнав да работам со Верушевски и на крајот на 2010 му ги предадов нему, рече Лазаревски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он