Кузеска: ДПМНЕ со Силјановска Давкова нудат враќање назад во изолација

Од:

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата.ДПМНЕ нуди само назад, да бидеме повторно заглавени 11 години без било каков напредок, вели порптаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат. Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени во нашата земја и нејзината сигурна иднина. СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше. Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ. Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото, рече Кузеска.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме, порача Кузеска.

– Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје. ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа. Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова. ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години, вели портпаролката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он