Кумановскиот театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на Сара Настеска од Охрид

Од:

Кумановскиот театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15 годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж. Надлежните од театарот, соопштија установата, одлучила приходот од влезниците за претставата „Мани мани мани” да го уплати на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.

– Ги покануваме кумановци да присуствуваат во вторник на претставата. Собраните средства ќе бидат донирани за Сара од Охрид. Театар Куманово сочувствува со семејството Настески и апелира секој кој има можност во зависност од условите да се вклучи во оваа донаторска акција, со цел да се обезбедат потребните средства за лекување на младата Сара Настеска, изјави продуцентот во кумановскиот театар, Симона Тоскиќ.

Претставата е работена според текстот на Реј Куни и е на редовниот репертоар на кумановскиот театар е на 30 октомври (вторник) во 20:00 часот. Претставата ја режираат Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Во комедијата настапуваарседум актери од кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Нина Максимова, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он