Кривични пријави против четири лица врз кои беше пукано во хотелот Александар Палас

Од:

До Основното јавно обвинителство, полицијата поднесе кривични пријави против четири лица врз кои беше пукано во саботата во хoтелот „Александар Палас“.

Пукачите се уште не се најдени.

Лицата против кои се поднесени кривичните, според Обвинителството, ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници. Според обвинителството, полициските службеници само ги легитимирале лицата, а тие упатиле сериозни закани по нивниот живот.

Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се уште се трага.

Обвинителството до Судот поднело предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените.

Како што вчера објави „A1он“ во текот на вечерта имаше голема полициска акција за која беше нејасно дали се апсат пукачите или лицата кон кои било пукано, а им се заканувале на полициските службеници. Од МВР изјавија дека станува збор за сложена полициска операција за расчистување на инцидентот во хотелот Александар Палас.

Пукотниците во хотелот се случија во саботата вечерта. Додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), три лица со маски почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, а бил дел од групата, испукал 11 куршуми од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица во инцидентот немаше.

Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

ВИДЕО: Возот на смртта се расипа во Тексас, средношколци висеа речиси 30 метри над земјата

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

Катерина Ѓуровски