А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за поранешниот директор на АВРМ

by А1он11/04/2018 - 10:51295
Share0

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за вработување В.П. (39) од Скопје поради злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил Буџетот на Република Македонија за 844.121 денари или 13.725 евра.

Добивај вести на вибер

Како што информира МВР, В.П., како вршител на должност – директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во текот на 2016 година спротивно на Законот за јавни набавки, без спроведена законска постапка, на правно лице од Скопје му доделил работни задачи за санација на објект. На тој начин овозможил правното лице противправно да се стекне со имотна корист од 416.304 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.

Исто така, пријавениот во периодот од 28 октомври 2015 до 30 октомври 2016 година, спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила сопственост на АВРМ и без одобрување од Управниот одбор, на 28 октомври 2015 година склучил Договор за меѓусебна техничка соработка со Министерството за труд и социјална политика при имплементација на активни програми и мерки за вработување.

По основ на тој договор, на Министерството за труд и социјална политика му отстапил на користење четири возила сопственост на АВРМ. За отстапените возила, В.П. дал на користење и картички за гориво со одреден лимит за две бензински пумпи. За да овозможи користење на картичките за гориво бензинските пумпи, пријавениот издал и дупли идентификациски картички на име на лицата вработени како возачи во Агенцијата за вработување, a без нивно знаење.

Со користење на картички за гориво, во периодот од 28 октомври 2015 до 30 октомври 2016 година, било полнето гориво во вкупен износ од 427.817 денари на штета на буџетот на Република Македонија.

avrm

Би можело да ве интересира

Најмногу огласи за работни места има за хигиеничари, програмери, келнери, обезбедувачи, ѕидарски работници

Кристијан Ландов18/02/2021 - 12:3718/02/2021 - 12:38

Агенција за вработување: Се појавил обид за измама со програмата за самовработување

Жарко Настоски17/07/2020 - 18:0718/07/2020 - 01:43

Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот

Ландов13/03/2020 - 11:30

Без правилник за репрезентација директорот и заменикот во АВРМ си делеле пари за ручеци и патувања

Наум Локоски14/11/2017 - 16:50

АВРМ нема информации за мерките за вработување и каде се трошат средствата, тврдат две НВО-а

Наум Локоски01/11/2017 - 15:56

Државна поддршка за граѓанските организации за нови работни места и развој на социјални услуги

Ана Ололовска25/10/2017 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен