Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот

Од:

Поради новонастанатата состојба со коронавирусот и препораките за спречување на неговото ширење, Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки.

-Следејќи ги насоките на Владата за спречување на ширењето на коронавирус инфекцијата, како општествено одговорна институција, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а тоа ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување, се вели во денешното соопштение.

По истекот на овој период, невработените лица треба да се јават во центрите за вработување, со цел продолжување на нивното редовно пријавување. Во случај на продолжување на заштитните мерки од страна на Владата, невработените лица ќе бидат дополнително известени.

Напоменуваме дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, за издавање на историјат на работни односи, извод од компјутерски запис – образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување, потврда за неевидентирано лице, потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и потврда за евидентирано невработено лице.

За сите дополнителни прашања, граѓаните може да се обратат на телефонот (02) 3111850, електронскта пошта [email protected] и на facebook страната.

Би можело да ве интересира

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Павлова-Николовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Павлова-Николовска

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

СЗО до Американците: На која основа тврдите дека коронавирусот дошол од лабораторија

Ана Ололовска

По три години Хонг Конг ја укинува обврската за носење маски

Ана Ололовска

ФБИ: Корона вирусот протече од лабораторија во Кина