Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Од:

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски ја потврди вчерашната средба со неговиот претходник Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Имавме средба со господинот Ахмети и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев. Јас и поранешниот претседател Заев се знаеме 32 години, сме учеле факултет заедно, така да неретко се случува да комуницираме, да имаме ручек кој што трае четири, четири и пол часа на кои разговараме на многу теми. Вчера разговаравме за тоа како државата треба да напредува кон полноправно членство во ЕУ. Секој од нас можеше да ги сподели искуствата од мандатите кој што ги имал. Разговаравме како би требало да изгледаат настапите на политичките партии на изборите, секој низ призмата на искуството што го имал“, рече Ковачевски.

Тој рече дека се прават анализи дали на изборите ќе излезат во коалиција со ДУИ, или пак само со традиционалните коалициони партнери.

„Сметам дека на државата и треба европска коалиција за сигурна иднина, а не за изолации. ВМРО-ДПМНЕ за жал повторно нема концепт кој што гледа напред. Сите нивни изјави се за некакви сценарија кои не се реални“, посочи Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?