Ковачевски: Со СДСМ граѓаните имаат поголеми плати и пензии

Од:

Вашето масовно присуство вечерва покажува дека СДСМ е подготвен и оди на двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори, затоа што СДСМ има економски политички и државнички резултат зад себе, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивниот штаб на партијата во Бутел.

-Со СДСМ граѓаните имаат поголеми плати, пензии, имаат слободна и демократска држава, рамо до рамо со ЕУ и САД. И затоа што со опозицијата граѓаните знаат дека имаат помали плати, помали пензии, дека со нив парите неместо кај народот завршуваат во споменици и стиропор, нема демократија, а земјата ќе биде во изолација, рече Ковачевски.

Ако погленеме прво за најважното, за економијата, за животниот стандрад на граѓаните, на работниците, професорите, наставниците, пенизонерите, полицајците, војниците, ранливите, фактите потврдуваат, со СДСМ растат платите, секој добива повеќе, потенираше Ковачевски.

-Ветивме просечна плата од 500 евра до 2024 година, не само што го исполнивме тоа ветување, го надминавме. Денеска, благодарение на политиките на СДСМ просечната плата е 630 евра. Во време на ДПМНЕ изнесуваше само 360 евра. Со СДСМ, 270 евра повеќе! Платите ќе продолжат да растат со СДСМ и во новата програма ќе имаме нови мерки за поголеми плати. Минималната плата веќе од наредниот месец ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари. Со последното покачување минималната плата ќе ја зголемиме за 150% во споредба со ДПМНЕ. СДСМ е на страната на работниците, го вреднува нивниот труд и го почитува, рече Ковачевски.

Тоа е разликата во концепти, прогресивниот, проевропскиот концепт предводен од СДСМ и деструктивниот, антиевропски концепт на ВМРО ДПМНЕ. Оваа разлика на концепти граѓаните го гледаат и фактите го потврдуваат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ може да остане без ниту една општина – победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година