Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Од:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе општа препорака со која препорачува Управата за извршување на санкции да подготви Акциски план со активности и извори на буџетирање за адаптирање, реконструкција или конструкција на установи од полуотворен и отворен вид за жени осуденички.

Оваа потреба, според КСЗД, е нужно предизвикана од фактот што жените осудени на казна затвор од целата територија на државата се упатуваат на издржување на казната затвор во КПУ Идризово, како единствена казнено-поправна установа во државата каде постои посебно одделение за жени.

– Земајќи ја предвид важечката регулатива, односно фактот што жените својата казна затвор можат да ја издржуваат единствено во КПУ Идризово, установа која е од затворен вид, се доаѓа до заклучокот дека женските осудени лица се ставени во понеповолна положба во однос на машките осудени лица, велат од Комисијата.

Мерките и дејствијата предвидени со оваа општа препорака, како што наведуваат, треба да обезбедат жените, упатени на издржување затворска казна, да можат, на еднаква основа како и мажите, да прогресираат во казнено-поправните установи со издржан дел од казната затвор, согласно член 220 од Законот за извршување на санкции и соодветните одредби од Правилникот за времето што треба да го помине и условите што треба да ги исполни осуденото лице во установа од определен вид или во соодветно одделение на установа од општ вид.

– Имено, моментално Правилникот, иако претставува неутрален пропис, воопшто не се применува на жените кои издржуваат казна затвор од причина што во земјата не постојат установи од полуотворен и отворен вид наменети за жени осуденички каде тие би можеле да бидат упатени на издржување на казната затвор, или во кои подоцна би можеле да прогресираат, како што постојат за мажите, велат оттаму.

Според нив, кога станува збор за прогресирање во друга, полиберална установа, истото е оневозможено за жените, од причина што друга установа за издржување казна затвор за жени во државата не постои.

Би можело да ве интересира

Комисијата за спречување корупција со засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор за време на претстојните избори

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Не е дискриминација, но е нееднаков третман на граѓаните кои платиле возачки дозволи утврди Комисијата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Комисијата за заштита од дискриминација ќе поднесе тужба против МОН за недостатокот на учебници