Комисијата за спречување корупција со засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор за време на претстојните избори

Од:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за време на предизборните кампањи ќе врши засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор, како на социјалните мрежи, така и во традиционалните медиуми, информираше денеска претседателот на КСЗД, Игор Јадровски. За таа цел, како што рече, ќе биде изработен прилагоден образец за пријавување вознемирувачки говор кој ќе биде закачен на веб-страната на Комисијата.

На прес-конференција што се одржа во просториите на КСЗД, Јадровски кажа дека Комисијата, во соработка со повеќе здруженија на граѓани, ќе врши мониторинг и на пристапноста до и во повеќе гласачки места во државата, за да утврди дали е спроведена општата препорака дадена до ДИК, за што ќе изготви и посебен мониторинг извештај.

Тој апелираше до политичките партии, претседателските кандидати, носителите и кандидатите од партиските листи да се воздржат од вознемирувачки говор и говор на омраза во предизборната кампања, со што ќе придонесат изборите да поминат во фер и демократска атмосфера.

Воедно, Јадровски побара да се исполнат препораките од донесените мислења со кои се утврдува дискриминација врз различни групи граѓани во процесот на остварување на избирачкото право.

Помеѓу нив потсети на утврдената дискриминација во изминатите години кога врз основа на возраст, во остварување на гласачкото право биле лишени лицата кои наполниле 18 години меѓу два изборни круга на претседателските избори во 2019 година. Овие лица заради одредбите од изборниот законик, не можеле да бидат запишани во избирачкиот список помеѓу двата изборни круга, а со тоа биле спречени да го остварат уставно гарантираното право на глас.

– Стануваше збор за околу 7 000 луѓе кои што не можеа да гласаат, а кои што полнат 18 години помеѓу двата круга на претседателските избори. Тие се стекнуваат со правото на глас согласно член 22 од Уставот за остварување на гласачко право со извршување на 18 години, меѓутоа недостатокот на процес на одредби во законот ги оневозможи да се запишат во избирачкиот список и со тоа да гласаат во вториот круг, рече тој.

Потсети и на утвредената индиректна повеќекратна дискриминација по основ на личен статус, возраст, здравствена состојба во областа на остварувањето на избирачкото право кон граѓаните кои за време на изборите се сместени во здравствени установи. Во овие два случаја Комисијата препорача измени и дополнување на Изборниот законик со цел овозможување на уставно гарантираното право на глас на овие категории граѓани.

– Иако во изминатиот период Изборниот законик претрпе измени во скратена постапка и постоеше можност за исполнување на препораките на Комисијата, до денес не сме информирани дека се направени измените препорачани од наша страна, рече Јадровски..

Во врска со препораките за обезбедување пристапност и соодветно приспособување на гласачките места, со што ќе се овозможи еднаков пристап на лицата со физичка попреченост до и во гласачките места ширум земјата, Јадровски рече дека овие мерки и дејствија треба да обезбедат гласачките процедури, објекти и материјали да се соодветни, пристапни и разбирливи за лицата со попреченост, со цел остварување на правото на учество во јавниот и политичкиот живот на лицата со попреченост на еднаква основа со другите.

-Апелираме до Министерството за труд и социјална политика навремено и ажурно да достави податоци до Државната изборна комисија за сите лица кои се сместени во јавни и приватни установи за заштита на стари лица т.е. домови за стари лица со цел да можат и овие лица да го остварат избирачкото право. Воедно, потсетуваме дека со процесот на деинституционализација околу 300 лица живеат во нов облик на заштита, односно живеење со поддршка во станбени единици, а кои со решението за сместување сѐ уште се водат како лица згрижени во установите за социјална заштита на лица со попреченост на адресите на Специјален завод Демир Капија, Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци Скопје. Завод за заштита и рехабилитација, „Бања Банско“ – Струмица). Со цел непречено остварување на избирачкото право на овие лица, на еднаква основа со другите, потребно е ДИК да обезбеди алтернативни гласачки места во местата на моменталните престојувалишта на овие лица по принципот на гласањето на болните и немоќните лица, рече директорт на КЗСД.

На прашањето за лицата кои нема да бидат во можност да гласаат доколку не им бидат сменети личните документи, Јадровски одговори дека нивните препораки се во насока на измени и дополнувања на Изборниот законик.

– Нашите препораки што се дадени се во насока на измени и дополнување на Изборниот законик со цел на сите лица на еднаква основа да им биде овозможено правото на глас. Зборуваме за сите категории на лица, а во насока на остварување на правото на глас на една основа. Изборниот законик се менуваше во овој дел, меѓутоа, не се смени во деловите кои ги спомнав на прес-конференцијата. Значи, лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата избирачки круга, постои опасност да бидат исклучени лицата кои што се наоѓаат во здравствените установи, постои опасност на бидат исклучени лицата кои што живеат во новиот формат на социјална заштита со поддршка во станбени единици, посочи Јадровски.

Прашан за наводите за говор на омраза од страна на вицепремиерот, Артан Груби, тој одговори дека не може да одговори за конкретни примери, меѓутоа, како што рече, постапуваат во рамки на своите можности и капацитети.

– Ние ги следиме социјалните мрежи и традиционалните медиуми во можност на нашите капацитети. Значи, по допрен глас нпостапуваме по службена должност. Не можам да ви одговорам за конкретни примери. Меѓутоа, постапуваме без разлика кој го прави говорот на омраза, односно вознемирувачкиот говор во смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација, рече Јадровски.

Тој ги повика сите кои ќе забележат некаков вознемирувачки говор на социјалните мрежи или на традиционалните медиуми, тоа да го пријават во Комисијата.

Би можело да ве интересира

Не е дискриминација, но е нееднаков третман на граѓаните кои платиле возачки дозволи утврди Комисијата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Комисијата за заштита од дискриминација ќе поднесе тужба против МОН за недостатокот на учебници

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани поденесени 248 претставки

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Бендевска: За центарот „Иван Михајлов“, топката ја префрливме на Обвинителството, ќе постапува по Кривичниот закон

Маја Илиевска-Пачемска