Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Од:

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.

Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

-Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.

Информацијата дека Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела Николовски ја соопшти завчера, во телевизиско гостување. Рече дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д и дека ова ексклузивно го кажува јавно.

Би можело да ве интересира

Комисијата за спречување корупција со засилен мониторинг на вознемирувачкиот говор за време на претстојните избори

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Не е дискриминација, но е нееднаков третман на граѓаните кои платиле возачки дозволи утврди Комисијата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Комисијата за заштита од дискриминација ќе поднесе тужба против МОН за недостатокот на учебници

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов